Поврзете се со нас

Светски првенства

Вучиќ: Вие смејте ми се, ама Србија ќе игра полуфинале во Катар

Објавено

на

Селекцијата на Србија ќе игра на престојното Светско првенство во Катар каде во првата фаза ќе ги одмери силите со Бразил, Швајцарија и Камерун.

Има различни коментари, реакции околу групата која Србите ја добија и тоа какви им се шансите за пласман во следната фаза, но за разлика од некои кои се сомневаат во четата на Пикси, претседателот на земјата Александар Вучиќ е огромен оптимист и верува дека репрезентацијата ќе стигне дури до полуфиналето на мундијалот.

-Не знам дали ќе одам во Катар, како млад одев насекаде. Сите ми се смеаа кога влегов во авионот и им реков на момците да одат и да ги победат Роналдо и останатите во Португалија. За разлика од другите кои сметаат дека има имаме ужасна група, јас мислам дека имавме одлична ждрепка. Ќе стигнеме до полуфинале, -рече Вучиќ и додаде:

-Што се однесува до следниот противник, колку што сфатив ќе вкрстиме со најлесната група, со оние кои веќе ги имаме победувано, Португалија и Уругвај. Тоа значи ете не нас меѓу најдобрите осум во светот. Ќе победиме и потоа се следни Шпанците или Хрватите и ете ја Србија меѓу четирите најдобри. Само вие смејте ми се, -порача Вучиќ во гостувањето на РТС.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни