Поврзете се со нас

Свет

Вистински урнебес: Играч на најдобриот тим од Романија трчаше по клупскиот автобус откако го заборавија на гостувањето (Видео)

Објавено

на

ЦФР Клуж е актуелен бранител на титулата во Романија и лидер во сезоанта која е пред самиот крај, но последната победа на фаворитот на гостувањето во Клинчени ни понуди една сцена која брзо стана вирален хит во оваа земја.

Клуж победи кај Академија Клинчени со 0:1 и остана на врвот на табелата во Првата фудбалска лига во Романија, но верувале или не, стручниот штаб и соиграчите заборавија еден од своите најискусни играчи и го натераа да трча по автобусот.

По освоените три бода, Овидиу Хобан беше принуден да трча по клупскиот автобус кој го заборави на гостувањето во Клинчени, а цела оваа урнебесна ситуација ја сподели познатиот романски новинар, Емануел Рошу.

Објавеното видео брзо стана најсподелувано во спортската јавност во Романија, а позитивна вест за Хобан беше тоа што возачот на еден од автомобилите се понуди да му помогне да го стигне автобусот кој веќе се упати кон Клуж.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни