Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус покажа агресија, Лапорт го исмеа на социјалните мрежи (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SEFutbol

Винисиус Жуниор се расплака на прес-конференцијата пред дерби пресметката со Шпанија и посочи дека е изморен од дискриминирачките епизоди кои ги доживува, или поточно од расистичките скандали кои се составен дел од речиси секој негов натпревар.

Ѕвездата на Реал Мадрид се пожали за третманот кој го добива на шпанските стадиони и буквално се расплака пред новинарите, па иако добар дел од јавноста сочувствува со него, има и такви кои потенцираат дека Бразилецот не е невин.

Винисиус често знае да ги испровоцира противничките фанови и фудбалери со своето однесување, а еден момент од вчерашниот меч на „Бернабеу“ не му оди во прилог.

Жуниор пред мечот тврдеше дека само „сака да игра фудбал“ и да не се занимава со расисти, но една негова агресија во дуел со стоперот Лапорт стана многу коментирана на социјалните мрежи, по што со ироничен коментар се јави и самиот стопер.

На објавата на која пишува „Винисиус само сака да игра фудбал“, Лапорт одговори со следниот коментар:

– Најверојатно сакаше да танцува…., – иронично порача Лапорт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни