Поврзете се со нас

Англија

Вилшир откри каде сака да ја продолжи кариерата

Објавено

на

Повремениот англиски репрезентативец, Џек Вилшир овој месец го раскина договорот со Вест Хем и тоа откако менаџерот Дејвид Мојс му соопшти дека не е во неговите планови.

Сега некогашниот член на Арсенал како слободен агент ќе може да ја избере неговата следната дестинација, а неговата желба е да се проба надвор од Англија.

-Ла Лига, Италија или Германија би била убава промена за мене. Нема многу англиски играчи кои тоа го имаат направено. Јас секогаш ја гледам Ла Лига, секогаш беше нешто за што размислував. Ми се допаѓа лигата, мислам дека е потехничка од англиската. Мислам дека е некаде каде што навистина можам да покажам што можам да направам.

-Мислам дека не сум премногу млад за МЛС. Мислам дека има големо подобрување во таа лига. Ако се покаже вистинската можност, јас би бил отворен за тоа, -рече Вилшир и додаде:

-Сакам да играм за клуб каде што ќе се чувствувам како важен дел од него. Јас само сакам да играм натпревари – сакам да се вратам на играње од 25 до 30 натпревари во сезона, кога навистина ќе можеш да ја вратиш својата самодоверба и насмевка на лицето. Само да играм фудбал, тоа што го правев како помлад. Сè уште чувствувам дека можам тоа да го направам и сакам да им докажам на сите дека грешат.

-Најважно за мене е да најдам клуб, да играм и да играм добро. Потоа се ставаш во главата на менаџерот, дополни играчот од средината на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни