Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вилјаш Боаш распали на пресот: Јас не сум Гвардиола и немам потрошено една милијарда евра

Објавено

на

Манчестер Сити оствари висока победа на гостувањето во Франција и му го нанесе вториот пораз на Марсеј во Лигата на шампионите, по што домашните новинари веднаш го нападнаат тренерот Вилјаш Боаш за тактиката и поставеноста на тимот на натпреварот против Англичаните.

Дел од новинарите навистина го налутија португалскиот стручњак на прес-конференцијата по поразот од 0:3, бидејќи му најдоа забелешка за лошата поставеност со три стопери и два крилни дефанзивци во дуелот со „граѓаните“. Вилјаш Боаш не се штедеше и даде одговор без влакна на јазикот, нагласувајќи дека нема никаква логика да се прават споредби меѓу него и Пеп Гвардиола, но и меѓу двата клуба.

– Тие потрошија една милијарда за пет години, станува збор за тим кој игра многу добар фудбал и кој има тренер кој е вистински феномен.

– Гвардиола е тренер кој секогаш игра со посед на топката, тоа го направи во Барселона, го продолжи во Баерн Минхен и сега го прави во Манчестер Сити. За жал, Марсеј нема доволно пари да го ангажира Гвардиола.

– Ако тука беше Пеп, ќе гледавме меч со многу посед, но јас не сум Гвардиола. За жал, го имате Вилјаш Боаш, тренер кој ја користи оваа тактика и кои ги користи ресурсите со кои располага за да го оствари најдоброто за тимот, – нагласи Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни