Формула 1
Вилијамс ја заврши соработката со тимскиот шеф Капито

Формула 1 тимот Вилијамс ќе добие нов тимски шеф, бидејќи денеска беше потврден крајот на соработката со Јост Капито.
Капито кој има долго искуство во автомобилската индустрија, беше поставен на позицијата откако тимот беше купен од „Дорилтон Капитал“, но сопствениците очигледно не се задоволни од постигнатото последните две години.
Покрај Капито, тимот на Вилијамс го напушта и неговиот близок соработник Франсоа-Ксавиер Демезон, кој истовремено дојде во раководството.
– Му благодариме на Јост за посветеноста, што го водеше процесот на трансформација, а и што го одложи пензионирањето за да го прифати овој предизвик, – стои во соопштението на Вилијамс.
Тимот не ги објави точните причини за разделбата, како и неговиот наследник, но е јасно дека нема простор за задоволство од напредокот откако беше Вилијамс беше купен од семејството на Сер Френк Вилијамс.
-
Англијапред 19 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Светпред 24 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Шпанијапред 7 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час
-
Англијапред 20 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Англијапред 2 часа
Дајч веднаш донесе нова енергија во Евертон: Лидерот Арсенал изненаден на „Гудисон Парк“ (ВИДЕО)