АТП
Виландер: Тоа може да биде проблем за Ѓоковиќ…

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ја сочинуваат првата полуфинална двојка на Ролан Гарос, битка која ќе биде финале пред финалето затоа што се работи за двајца тенисери на кои и пред турнирот им се даваат најголеми шанси за трофејот, прогноза која се покажа како точна со пласманот во самата завршница во Париз.
Меѓутоа само за еден од нив ќе има место во последниот меч на турнирот, па затоа се очекува да има голема борба, незвесност, мајстории во кои ќе можат да уживаат сите фанови.
-Карлос Алкараз го запали светот на професионалниот тенис. Луѓето се повеќе зборуваат за него. Тактички беше неверојатен, не го загуби идентитетот на теренот, да се седи и гледа како игра е неверојатно искуство. Од никаде ќе распали форхенд што изгледа како да не ја почитува играта. Добро е кога навиваат за неговиот противник, но сакаме да видиме уште повеќе од него. Не ми се верува дека рече дека неговата самодоверба е толку висока. Тој игра со Ѓоковиќ и така зборува, -истакна легендарниот Матс Виландер кој посочи дека Шпанецот има една предност во соочувањето со 22-кратниот грен слем шампион.
-Поинаку е кога играш против некој што си го победил неколку пати, но овие двајца не играле многу. само еднаш. Тоа е неверојатно. Тој е суперхерој, има надеж за човештвото кога ќе видите спортист како Алкараз. Мислам дека во раната фаза од натпреварот публиката ќе биде со Новак. Тие веруваат дека Новак е тој што ќе треба да се бори и ќе најде решенија, тоа е сигурно. Физички, Новак е генијалец, но мислам дека брзината на Карлитос на теренот може да биде премногу за Новак, -заклучи Матс.
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 9 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Англијапред 3 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 24 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава