Поврзете се со нас

Светски првенства

Видарсон се соочи со реалноста: Се виде каков тим е Македонија

Објавено

на

Арнар Видарсон им ветуваше на романските новинари дека ќе се врати во Букурешт по пиво доколку успее да ја расипе забавата на Македонија во Скопје, но на крајот исландскиот селектор мораше да се помири со пораз од далеку поквалитетниот тим на теренот.

Македонија победи во клучниот меч против „рибарите“ до 3:1 и го завери својот пласман на баражот за Светското првенство, што е историско достигнување за нас кога се едни мундијалски квалификации во прашање.

Избраниците на Милевски го прикажаа сиот свој квалитет кога беше најпотребно и победија на завршните два натпревари во групата, која на крајот ја завршуваат како втори зад апсолутниот фаворит Германија.

На прес-конференцијата, Видарсон призна дека Македонија во овој момент е навистина подобар состав од неговиот Исланд, додавајќи дека цел на неговите млади фудбалери треба да биде местото кое го освои нашиот тим во групата.

– Не можам да бидам среќен после еден пораз. Имавме проблем да ја задржиме топката, а во вториот дел кога бевме подобри од нив, примивме гол и тоа ни ја отежни работата. Уште потешко стана кога добивме црвен картон.

– Да бидам искрен, имавме големи очекувања во овие квалификации и сакавме да се бориме за второто место. Но, кога ќе се направи резиме и ретроспектива, Македонија го има вториот најдобар тим во групата и тоа е реалноста. Се гледа каков тим е Македонија, се гледа дека беа 5-6 недели заедно изминатово лето на Европското првенство. Мора да работиме напорно во иднина за да стигнеме на местото на кое сега е Македонија, – порача селекторот Видарсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни