Поврзете се со нас

Шпанија

Видал ги покажа ужасните последици од хорор стартот во Примера (Видео)

Објавено

на

Бетис и Еспањол одиграа навистина возбудлив меч во текот на вчерашниот ден, во кој гостите од Барселона успеаја да се извлечат од пораз со гол постигнат во 97-та минута.

Кабрера израмни на 2:2 длабоко во судиското надополнување, кое изнесуваше дури девет минути поради неколку прекини, од кои еден беше подолг.

Алеиш Видал заработи непријатна повреда во 74-та минута, а седум минути подоцна беше јасно дека не може да продолжи, откако се здоби со ужасна расекотина на ногата.

Пецелја доби директен црвен картон по ВАР проверката од страна на судијата, но неполни 24 часа по средбата, Видал на социјалните мрежи откри како изгледа неговата нога од инцидентот.

Поранешниот играч на Барселона ќе има белег од дуелот со Пецелја, бидејќи заработил 15 конци на ногата за да се санира непријатната расекотина.

Видеото од грубиот старт погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни