Поврзете се со нас

Репрезентација

Ветувањето е исполнето: РФМ ги награди ракометарите со 50.000 евра за пласманот на СП

Објавено

на

Ракометната федерација на Македонија го исполни ветувањето и ја награди машката ракометна репрезентација со 50.000 евра за пласманот на Светското првенство кое на почетокот на наредната година ќе се одржи во Полска и Шведска.

На избраниците на Кирил Лазаров им беше ветена премија од 50.000 евра за место на мундијалот во 2023 година, цел која беше исполнета откако нашите асови прво ја совладаа Романија, а потоа во двомечот беа подобри и од Чешка.

Со ова националниот тим го задржи континитетот на големите натпреварувања со тоа што допрва ќе ги дознаме ривалите за СП и тоа на 2 јули во Катовице.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни