Поврзете се со нас

Евролига

Верува во Партизан: Ѓоковиќ посочи кои екипи ќе се пласираат на завршниот турнир во Евролигата

Објавено

на

Фото:twitter.com/CincyTennis

Партизан води жестока битка за да дојде до плеј-ин фазата во Евролигата, а еден од оние кој верува дека „црно-белите“ сигурно ќе обезбедат пласман во истата и плус потоа ќе направат дополнителен чекор е Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ е познат како голем навивач на Црвена Звезда, меѓутоа не му пречи да биде отворен, искрен за некои работи, па така според првиот светски тениски ас Партизан ќе биде и една од екипите која ќе обезбеди место на завршниот фајналфор турнир кој годинава се игра во Берлин од 24 до 26 мај.

Србинот смета дека ќе бидат уште Панатинаикос, Олимпијакос и Монако што е навистина интересна прогноза затоа што ги нема ниту Реал Мадрид, ниту Барселона, но и Фенербахче кој игра навистина квалитетно под водство на Шарунас Јасикевичиус.

Од друга страна пак Богдан Богдановиќ има сосема друго размислување и во неговата четворка се Реал Мадрид, Фенербахче, Барселона и Басконија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни