Поврзете се со нас

Боречки спортови

Вечерва е епскиот дуел меѓу Хабиб и Гејџи: Дагестанецот ги откри картите и посочи како ќе го нападне противникот

Објавено

на

За вечерва со почеток од 20:00 часот на програмата е закажан епскиот дуел помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејџи кои силите ќе ги одмерат во октагонот во Абу Даби.

И двајцата влегуваат со свои амбиции во УФЦ борбата, а во интервју за „ЕСПН“ Хабиб откри на кој начин ќе се обиде да го совлада противникот за кого имаше само пофални зборови.

Дагестанецот минува низ тежок период откако пред извесно време го загуби својот татко и тренер кој почина по последици од коронавирусот.

Нурмагомедов дополнително мотивиран ќе влезе во октагонот каде ќе го пречека Гејџи, борач за кого Хабиб имаше само пофални зборови.

– И претходно имав вакви противници. Во Русија има доста натпреварувачи кои се добри борачи, но мислам дека тој е посебен во УФЦ. Добар борач е, добро удира, добро лево кроше и има големо срце. Ако сакате да го победите, мора да го успиете.

– Има одличен удар, но и прима доста. Ќе го погодувам со оверхенд, па во телото. Имам нешто што го подготвив за него. Ќе одам напред, ќе го изморам, тоа сакам да го направам. Сакам да му го изморам телото и да го угушам. Тој е планот. Сакам да ја одбранам титулата по четврти пат.

– Ова е тешка година за мене, сакам само да се фокусирам на тој натпревар и да го победам тоа момче. За мене голема мотивација е тоа што сум овде по смртта на мојот татко. Пред четири месеци не знаев дали воопшто ќе се борам. Тука сум, сакам да го завршам започнатото. Имам одличен ривал, но сакам да ја продолжам својата непобедливост, -порача Нурмагомедов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни