Поврзете се со нас

Балкан

Васоски ќе го памети дебито за Сарајево: Тежок инцидент со истрели од огнено оружје

Објавено

на

Младиот и перспективен македонски тренер, Александар Васоски на одличен начин ја започна авантурата во Сарајево победувајќи на првиот подготвителен натпревар против Љубушки со 4:0.

Но оваа средба освен по добрата игра на големиот фаворит, ќе остане запаметена и по инцидентот кој го креирале локалните мештани и навивачите на тимот на Сарајево.

Имено, непознати сторители почнале да ги оштетуваат автомобилите на навивачите на Сарајево, по што тие реагирале и тргнале да се пресметаат со противниците.

Во неколкуминутниот инцидент се слушнал и истрел од огнено оружје, а босанските медиуми пренесуваат дека станува збор за жител на месноста кој пукал во воздух за да ја растера гневната маса.

При инцидентот приведени биле шест навивачи на Сарајево, а како што се дознава има и повредени лица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни