Билијард и Снукер
Василевски и Ѓурчиновски отворија нова ера за македонскиот билијард

Со одигрување на првиот „мастерс“ започна новата сезона од државното првенство во билијард, во која се предвидени седум вакви турнири.
Домаќин на најдобрите македонски играчи беше популарниот „Гран клуб“ од Скопје, при што во најсилната А-дивизија играа најдобрите 16, додека во Б-дивизијата имаше рекордно пријавени 54 играчи од 11 градови во Македонија.
Минатогодишниот шампион, Дејан Сипковски, кој се повлече од активно играње и сега „дебитираше“ во улога на претседател на Билијард федерацијата која е организатор на националното првенство, беше сведок на големиот дуел на младите асови со светла иднина во овој спорт: битолчанецот Христо Василевски (Лонгони) и јуниорот Андреј Ѓурчиновски (БСК Гран Клуб).
Викендов играчите се натпреваруваа во дисциплината „деветка“. Василевски беше непобеден на овој турнир, додека Ѓурчиновски еднаш му се спротивстави во четвртфиналето, но согласно системот за елиминација (два порази), успеа да продолжи и низ следните рунди да се избори за финале и нов меч. Василевски по втор пат славеше и со тоа го освои првото место, додека Ѓурчиновски се најде на второто место иако беше дебитант во најсилната категорија. Слична на неговата е и приказната за двајцата играчи на третото место, Златко Ицановски и Теодор Најденов (обајцата од Лонгони Битола), кои исто така лани играа во Б-дивизијата и годинава ја започнаа со одлични настапи во „елитното друштво“.

Турнирот од Б-дивизијата се играше два дена, при што четвртфиналето со 16 најдобри играчи се играше паралелно со мечевите од А-дивизијата.
По одиграни 119 натпревари, победник на првата рунда е прилепчанецот Оливер Апостолоски (ЗБИ), додека зад него се најдоа тројца играчи на домаќинот од Скопје. Павел Стојчевски направи пријатно изненадување со пласманот во финалето, додека Александар Бошевски и Димитар Лукревски (сите од БСК Гран Клуб) го делеа третото место.
Вториот „мастерс“ ќе се игра со одвоени настапи: Б-дивизјата повторно ќе се надигрува во Скопје, додека А-дивизијата ќе игра во Тетово. Сите дуели ќе се играат на 11 и 12 март.
-
Балканпред 14 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 13 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 13 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 22 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 14 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
НБАпред 12 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Светпред 12 часа
Судија суспендиран откако поништил гол по прегледување на снимка на телефон