Поврзете се со нас

Македонија

Вардар се подготвува за финалето во Струга: Вториот тим на Пелистер лесен плен за шампионот

Објавено

на

Вардар делува супериорно на почетокот на струшкиот турнир и уште вечерва јасно стави до знаење дека ќе игра во големото финале, откако немаше милост кон вториот тим на Еурофарм Пелистер.

Средбата во Струга започна со застрашувачки 7:0 за фаворитот, по што стана јасно дека тимот на Алушовски е класа за себе во споредба со вториот тим на битолчани.

По бравурозниот старт на натпреварот, Вардар си осигура преднот од 13:7 на полувреме, а во вториот дел „црвено-црните“ беа уште поубедливи и дадоа уште 20 погодоци во мрежата на противникот.

Со конечни 33:19, Вардар стигна до втората победа на струшкиот турнир, па повеќе од јасно е дека во финалето ќе игра против Еурофарм Работник, без оглед на тоа што треба да одигра уште еден меч.

Во последното коло од групната фаза, Вардар ќе ги одмери силите против Бутел и во истиот влегува како апсолутен фаворит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни