Поврзете се со нас

Македонија

Вардар лесно се справи со Бутел за перфектни четири од четири во домашниот шампионат

Објавено

на

Ракометарите на Вардар 1961 лесно се справија со Бутел (34-26) во мечот кој вечерва се одигра во Супер лигата.

„Црвено-црните“ ја потврдија фаворитската улога на теренот и со квалитетна игра уште во првиот дел ги решија сите дилеми околу победникот. Вардар првите 30 минути ги реализираше со 17-9, а ова му овозможи на тренерот Стевче Алушовски да им даде шанса на сите играчи.

Јотиќ со 5 гола ја предводеше листата на стрелци кај вардарци кои се играат перфектни четири од четири во домашниот шампионат.

Мајиќ и Мојсоски дадоа по 4 погодоци за Бутел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни