Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ја освои Автокоманда и остана перфектен во шампионатот

Објавено

на

Екипата на Вардар се избори за победа над Металург од 31-27 во средбата од 7. коло во Супер лигата.

„Црвено-црните“ мораа добро да се испотат за да дојдат до посакуваниот резултат во Автокоманда и на тој начин да го задржат перфектниот учинок во домашниот шампионат. Првите 30 минути донесоа голема неизвесност, двете екипи го имаа водство за да на крајот на пауза се замине со резултат 15:15.

Актуелниот лидер во продолжението додаде гас, ја презема контролата на резултот, играта и ја заврши работата против градскиот ривал.

Дибиров со седум и Чупиќ со шест погодоци беа најефикасни играчи кај победникот, кај домаќините се истакнаа Хорват (7), Серафимов и Калуѓеровиќ (5).

Во вториот дуел во истиот термин Бутел славеше во Битола над Еурофарм Пелистер 2 со 26-25.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни