Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ја доби битката со Детонит Плачковица, победи остварија и останатите фаворити

Објавено

на

Екипата на Вардар ја издвојува 13. победа во Втората македонска лига и тоа во пресметката со Детонит Плачковица која ја реализираше со 2-0.

„Црвено-црните“ изгубија два бода во првата сезонска пресметка со овој противник, па денеска не дозволија одново да им се случи такво сценарио и на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари издвојуваа триумф со головите на Вецески и Цветановски во второто полувреме.

До победи стигнаа и останатите екипи кои се борат за влезе во ПМФЛ, па така Гостивар со голот на Петковски беше подобар од Беса, Воска Спорт ја наполни мрежата на Каменица Саса, додека Пелистер со 3-1 беше подобар од Арсими.

ВТОРА ЛИГА 18. КОЛО

ВАРДАР – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 2-0

ГОСТИВАР – БЕСА 1-0

ВОСКА – КАМЕНИЦА САСА  4-0

БЕЛАСИЦА – КАРАОРМАН  1-0

КОЖУФ – ОХРИД  2-1

ПЕЛИСТЕР – АРЕСИМИ 3-1

ТЕТЕКС – БОРЕЦ  1-1

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни