Поврзете се со нас

Македонија

Вардар изрежира втора голема драма на „Кале“ и стигна до прва победа во сезоната

Објавено

на

Тимот на Вардар ја запиша првата победа во Првата македонска кошаркарска лига, откако ова попладне во заостанатиот меч од првото коло, успеа да слави над Црн Дрим во нова кошаркарска драма на која бевме сведоци на „Кале“.

Ако пред две недели Вардар немаше среќа и загуби од ТФТ во лудиот меч со 199 поени кој се одигра исто на „Кале“, денеска среќата конечно им се насмевна на вардарци, кои во петтиот обид успеаја да стигнат до првиот триумф во новата натпреварувачка сезона која започна со големо задоцнување.

Вардар победи со 76:72 во натпревар кој беше неизвесен се до последната минута, но мора да се нагласи дека триумфот е и повеќе од заслужен бидејќи домаќинот и покрај израмнетиот распоред на силите, во најголем дел беше во позитива и го диктираше темпото.

Дујковиќ беше играч на мечот со 24 поени, 15 скокови и 9 блокови, фантастичен беше и Провел кој имаше еден поен помалку, а 20 поени постигна Лефковски.

Во противничкиот табор, Каухерд постигна 24 поени, исто колку и Дујковиќ, следен од Делоски со 12 поени зад своето име.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни