Поврзете се со нас

Македонија

Вардар испадна во Втора лига, Шкендија победи во трилерот во Ѓорче Петров

Објавено

на

Тоа што можеше да се намириса и да се насети со самиот старт на вториот дел од сезоната, стана реалност на едно коло пред крајот, откако Вардар загуби со минимални 1:0 на гостувањето крај охридското езеро.

Вардар загуби од Сруга Трим Лум со минимални 1:0 на натперварот од 32-то коло, по што остана и без математички шанси за опстанок во елитата, што значи дека најтрофејниот клуб во македонскиот фудбал наредната сезона ќе го гледаме во Втората лига.

Младиот тим на Вардар не успеа да опстане во елитата и покрај вложените максимални напори од страна на „Комитите“ за исплата на фудбалерите, а денешниот пораз беше краен епилог на лошото сценарио кое се најавуваше уште во месец март.

Со оваа победа, Струга е во пол-позиција за излез во Европа како третопласиран тим на табелата пред последното коло, бидејќи голот на Алтипармаковски беше надополнет со одличен резултат за овој тим во Скопје.

Македонија Ѓорче Петров и Шкендија понудија вистински спекткал во скопската населба, во која на крајот гостите од Тетово се радуваа бидејќи победија со 3:4.

На останатите натпревари, Шкупи и Пелистер одиграа 0:0, Академија Пандев ја победи отпишаната Беласица со 0:2, Борец оствари победа над Ренова од 2:0 и обезбеди опстанок, а Работнички славеше над Силекс со 3:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни