Поврзете се со нас

Македонија

Вардар и Пелистер ќе се борат за трофејот на турнирот во Струга

Објавено

на

Екипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ќе се борат за пехарот на 49. издание на турнирот во Струга.

„Црвено-црните“ дојдоа до билет за финалето откако тесно го совладаа Бутел со 25:24 и тоа со голот на засилувањето Гурбиндо во завршните секунди од мечот.

Од друга страна пак Пелистер беше убедлив против Тиквеш со 38:21, па утре избраниците на Бабиќ ќе обидат да ја одбранат титулата против четата на Веселин Вујовиќ.

За третото место на турнирот ќе играат Бутел и Тиквеш, додека за петтото место ќе се сретнат Металург и домаќинот Струга.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни