Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го промовораше Валчак, Полјакот го одбра бројот на дресот што ќе го носи во новата средина

Објавено

на

Ракометниот клуб Вардар 1961 почна официјално да ги промовира засилувањата за новата натпреварувачка сезона, па така по голманот Робин Кантегрел, дуото од ППД Загреб Анте Гаџа и Јосип Векиќ, потоа македонскиоте репрезентативци Гоце Георгиевски и Филип Талески како и Марко Вујин денеска промоција доживеа 27-годишниот Патрик Валчак.

Полскиот репрезентативец доаѓа во Вардар од Германија и со новиот клуб потпиша двегодишен договор до 2022 година. Кружниот напаѓач во актуелниот европски, македонски и регионален шампион ќе го носи дресот со бројот седум.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни