Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го претстави второто засилување во новата година

Објавено

на

Екипата на Вардар продолжува да го гради тимот за пролетниот дел од шампионатот, па така денеска го претстави најновото засилување, дефанзивецот Ване Јованов.

Јованов ја покрива десната бековска позиција, а во најтрофејниот македонски клуб доаѓа од Академија Пандев. Тој ги има поминато сите младински категории во репрезентацијата на Македонија и ќе биде уште една опција за тренерот Никола Глигоров.

Само да потсетиме во првите денови во оваа година вардарци го потврдија трансферот на Дарко Мицевски, а претходно кам-бек во клубот направи и голманот Филип Гачевски.

„Црвено-црните“ веќе ги започнаа подготовките во Скопје каде ќе бидат до 24 јануари по што се заминува за Анталија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни