Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ги продаде ТВ првата и ќе биде ексклузивно пренесуван на познатиот регионален сервис

Објавено

на

Академија Пандев беше првиот македонски клуб кој самостојно ги продаде ТВ прават на „Спортклуб“, телевизија која сега осигура договор и со најтрофејниот клуб во нашата земја.

Регионалниот сервис ги откупил и домашните натпервари на Вардар кој се натпреварува во понизок ранг, па на етерот на „Спортклуб“ ќе оди и Втората Македонска фудаблска лига.

– Фудбалскиот клуб Вардар објавува дека е постигнат договор со регионалната спортска телевизија Спортклуб која во иднина ќе ги пренесува домашните натпревари на нашиот клуб.

– Оваа соработка претставува одлична можност најтрофејниот Македонски фудбалски клуб повторно да биде достапен за сите навивачи, приврзаници и љубители на фудбалот и Вардар во државата, регионот и пошироко, – објавија црвено-црните.

Вардар ја почна новата сезона со три победи и едно реми, а прв меч кој треба да биде пренесуван на „Спортклуб“ е оној против Локомотива кој е закажан за 1-ви октомври.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни