Македонија
Вардар ги почна подготовките, Дејвис порача: Ќе имаме подобри резултати

Екипата на Вардар ги започна подготовките за вториот дел од оваа сезона во кој ќе бидат предводени од нов тренер, познато ракометно лице во Македонија и пошироко, Давид Дејвис Камара.
Иако „црвено-црните“ не се комплетни (Томовски, Талески, Мишевски, Георгиевски, Стоилов, Валчак, Чувара, Гаџа, Ѓукиќ се со своите репрезентации) ќе работат напорно за да што подобро го дочекаат пролетниот дел каде ќе играат на три фронта ЛШ, СЕХА лигата и домашната сцена.
-Среќен сум што се вратив во Вардар. Го познавам јазикот, играчите, семејството добро го знае градот и едноставно ова е како враќање во вториот дом. Тие беа тука многу години и лесно се прилагодуваат. Вардар е одличемн тим, има историја, има се. Останувам тука шест месеци, ќе дадам се од себе, па потоа ќе видиме како ќе биде, -вели Дејвис и додава:
-Ќе работам со мојот помошник, но засега имаме доста отсутни кои се со репрезентација. Но, ќе работиме и ќе тренираме. Верувам дека можеме да направиме и подобри резултати. Подготовките ќе бидат малку поразлични, ќе уживаме малку повеќе, но секако ќе работиме многу ракомет. Ќе сакам да го внесам мојот систем и ќе треба вредно и напорно тренирање. Но, ќе има многу ракомет, малку во вежбална и малку трчање. Секако најмногу ракомет. Остануваме цело време во Скопје, -истакнува новиот тренер на „црвено-црните“ за официјалниот сајт.
-
Шпанијапред 23 часа
Сестрата на Роналдо се навреди од ироничната порака на Перез и дрско му одговори на Инстаграм (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Фабрегас се исповеда: Го погодив Фергусон со пица бидејќи ми беше страв да влезам во тепачката!
-
Германијапред 19 часа
Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)
-
Светпред 16 часа
Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда
-
Англијапред 17 часа
Вернер: ВАР ме уништи во Челси, поставив рекорд кој никој нема да го урне
-
Светпред 15 часа
Бабунски влезе од клупа и спаси бод за Дебрецен (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Играч на Челси заспа додека добиваше третман, Жоржињо го разбуди со шлаканица (Видео)
-
Шпанијапред 15 часа
Барселона почна да ги регистрира засилувањата, засега виси само еден нов играч на Чави