Поврзете се со нас

Шпанија

Варан првпат во кариерата постигна два гола на еден натпревар и спречи нов шок за Зидан (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид одигра добро прво полувреме во кое не успеа да ја материјализира својата иницијатива, па како и многупати оваа сезона, тоа беше најава за грчевите борва во вториот дел во која овојпат „кралевите“ излегоа како победници.

Непосредно по стартот на вторите 45 минути, домашната Уеска стигна до изненадувачко водство од 1:0 благодарение на маестралниот гол на Галан, што беше доволно јасен сигнал дека „кралевите“ мораат што побрзо да се разбудат. Наместо тоа, Уеска во следниот напад ја погоди конструкцијата од голот и пропушти предност од 2:0, а за тоа доста брзо следеше казна и фаворизираниот гостин се врати во игра.

Карим Бензема изведе еден одличен слободен удар по кој одбиената топка заврши на главта на Варан, кој со погодокот во 55-та минута израмни на 1:1 и вети возбудливи минути во продолжението.

Бензема во 76-та минута не искористи стопроцентна шанса за пресврт, но затоа тоа му појде од нога на Варан кој во 83-та минута се најде на вистинско место за да направи нешто што немаше направено никогаш досега во кариерата.

Францускиот стопер погоди за 1:2 по новата одбиена топка и за првпат во кариерата постигна два гола на еден меч, а со истиот спречи нов шок за Реал Мадрид, односно му донесе малку мир на својот тренер Зинедин Зидан кој вчера влезе во жестока караница со новинарите на последниот прес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни