Поврзете се со нас

Англија

Варан објасни како се врати во форма по тешката прва сезона во Јунајтед

Објавено

на

Рафаел Варан ја игра втората сезона во Манчестер Јунајтед, а ако се суди по стартот на истата ќе биде многу поразлична, поквалитетна, подобра за францускиот репрезентативец.

Стоперот не се прослави во првата кампања и не го донесе она што се очекуваше од него на „Олд Трафорд“, меѓутоа првите недели од натпреварувачката 2022/2023 покажуват дека тој заедно со Лисандро Мартинез формираа одлично партнерство, партнерство кое треба да придонесе за многу подобри резултати на премиерлигашот под водство на Ерик Тен Хаг.

-Имав комплетна претсезона, можев добро да работам на физичко ниво и продолжувам, се чувствувам подобро и се гледа на теренот. На почетокот на сезоната моравме да се бориме на теренот, мора така да продолжиме, -рече Варан објаснувајќи како се врати во ритам по тешката прва сезона во Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни