Англија
ВАР циркус од невидени размери: Дефанзивецот на Барнли играше ракомет, Арсенал не доби пенал (Видео)

Арсенал на неверојатен начин успеа да загуби два бода на гостувањето кај Барнли, натпревар на кој само ужасната грешка на Гранит Џака пред крајот на првиот дел беше само загревање за тоа што следеше во продолжение.
Гостите од Лондон поведоа преку Обамејанг, Џака му подари израмнување на Вуд пред крајот на првиот дел, но она што се случи во последните 15 минути од средбата е за неверување.
Во 75-та минута, Николас Пепе во еден продор беше спречен со евидентно играње со рака од страна на Питерс, но по некое чудо, ВАР системот воопшто не се вклучи и не му беше досуден чист пенал на Арсенал. Главниот судија Маринер не ја виде оваа ситуација и не доби сигнализација од ВАР собата, нешто што беше случај 9 минути подоцна.
Маринер најпрво му покажа црвен картон на Питерс кој одново беше во сомнителна ситуација, но наместо пенал за Арсенал, цела одлука беше повлечена откако од ВАР му порачаа дека дефанзивецот на Барнли ја избил топката со рамо, а не со рака. Во дадената ситуација беше донесена точна одлука, но не и 9 минути претходно кога Питерс евиденто играше со рака.
Пред да се случи ова, Пепе кој беше вистински трагичар промаши и колосална шанса во 81-та минута, а за да биде ситуацијата уште покатастрофална за фановите на Арсенал, Обамејанг и Себалјос не реализираа зицери во последните акции во 93-та и 94-та минута. Овој вториот го погоди дирекот, по што Маринер означи крај на лудиот меч кој ги фрли во очај фановите на Арсенал.

- Италијапред 17 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 17 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 16 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 16 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 16 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 18 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 13 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 18 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)