Поврзете се со нас

Англија

Ван Дајк не можеше да поверува: Забавената снимка најдобро ја доловува неверојатната одбрана на Мартинез (Видео)

Објавено

на

Емилијано Мартинез трпеливо ја чекаше своајта шанса во Арсенал, а иако ја дочека на најнепосакуван можен начин, мора да се напомене дека Аргентинецот повеќе од добро одговара на предизвикот.

Мартинез застана на голот на Арсенал откако Берн Лено заработи тешка повреда на коленото, но своите неколку успешни настапи вчера ги заокружи со брилијантно издание против најдобриот тим во лигата.

Аргентинскиот чувар на мрежата беше најголем виновник за поразот кој го претрпе Ливерпул на „Емирејтс“, па воопшто не беше чудно што беше избран за играч на мечот во големото дерби.

Популарниот Еми имаше неколку бравурозни реакции, но посебно неверојатна беше онаа во 96-та минута кога сите играчи ја видоа топката во голот за израмнување на 2:2.

Силниот удар на Трент Александер Арнолд во последниот обид заврши во еден од играчите на Арсенал и доби неприродно движење, а забавената снимка, заедно со реакцијата на Ван Дајк најдобро ни покажуваат дека Мартинез е сериозен кандидат за одбрана на сезоната во Премиер лигата…..

⏰ 96th minute This is some save from Emi Martinez! 😱👏

Gepostet von Arsenal am Mittwoch, 15. Juli 2020

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни