Поврзете се со нас

Формула 1

Валтери Ботас откри дали Фетел ќе го земе неговото место во Мерцедес

Објавено

на

Откако беше објавено дека Себастијан Фетел нема да го продолжи договорот со Ферари и дека оваа сезона ќе биде последна за него во клубот од Маранело веднаш се појавија шпекулации за неговата иднина.

Очекувано беше тој да се поврзува и со тимот на Мерцедес кој се уште не ги има продолжено договорите со двајцата пилоти, Луис Хамилтон и Валтери Ботас.

Двајцата пилоти имаат важечки договори само уште за оваа сезона и не е познато дали истите ќе ги продолжат и за следните години.

Оттаму се појави информацијата дека Фетел ќе седне во болидот на Мерцедес, најверојатно на местото на Валтери Ботас.

Сега, Финецот се огласи по ваквите најави и откри дека според негови информации Фетел нема да потпише за Мерцедес во 2021 година.

– Ваквите написи не ме допираат многу. Во тимот цело време сме искрени околу ситуацијата и како се ќе изгледа што се однесува до договорот. Добив прилично јасна порака дека не планирааат да го донесат Себастијан, – изјави Ботас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни