Поврзете се со нас

Шпанија

Валенсија и Барселона отпочнале преговори за играчот кој доби многу шанси од Чави минатата сезона

Објавено

на

Во сезоната која беше означена како транзициска по доаѓањето на Чави Ернандес кој пристигна за да го „гаси пожарот“ кој го остави Куман, голем број млади играчи добија шанса во првиот тим на Барселона, а еден од нив беше и Нико Гонзалез.

Младиот талентиран играч за врска одигра 27 натпревари во Ла Лига минатата кампања и се докажа како солидна резерва, но сепак во новата сезона нема место за него во тимот на Чави Ернандес.

Тренерот смета дека најдобро за 20-годишникот е да биде испратен на калемење во Примера, а веќе пристигнала и првата сериозна и примамлива понуда за такво нешто.

Валенсија и Барселона отпочнале преговори за заем на фудбалерот, кој е одобрен и од страна на Џенаро Гатузо кој во саботата истакна дека Валенсија сепак тешко ќе може да го донесе Артур Мело од Јувентус поради високата плата.

Нико е многу пореална опција за „лилјаците“, кои по вчерашното продавање на Гонсало Гуедеш во Вулверхемптон и Јаспер Силесен во НЕЦ Најминген, имаат дозвола да регистрираат нови фудбалери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни