Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вајналдум: Голот значи, ама се надевавме на подобар резултат

Објавено

на

Фудбалерите на Ливерпул загубија од Реал Мадрид со 3-1 и се ставија во незгодна позиција пред реваншот кој наредната недела го играат на домашен терен, меч на кој ќе мора да дадат најмалку два гола за да се надеваат на пласман во следната фаза.

„Црвените“ се свесни дека потфрлија во Мадрид, но во исто време се надеваат дека ќе можат резултатот да го исправат на втората средба на „Енфилд Роуд“.

-Игравме против добра екипа, но навистина бевме лоши. Особено во првото полувреме, ништо не функционираше. Пребрзо ја губевме топката. Ни создадоа проблеми и со долгите топки. Немаше острина во нашата игра. Двапати ни падна концентрацијата и примивме два гола.

-За време на паузата, се согласивме да ја смениме тактиката. Рековме дека мора да го играме нашиот фудбал и да не дозволиме да ја губиме топката лесно. Постигнавме гол што ни даде самодоверба. Почнавме да ја играме нашата игра за момент, но за жал го примивме третиот гол и тоа ја отежнува ситуацијата пред реваншот. Се надевавме на подобар резултат, -истакна Џини Вајналдум кој воедно испрати охрабрувачка порака на социјалните мрежи.

-Имаме голем предизвик пред нас, ама не е готово додека не е готови, -кратко порача Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни