Поврзете се со нас

Англија

Вајналдум ги разочара „црвените“ со последната негова изјава: Не секогаш се чувствував сакан во тимот

Објавено

на

Холандскиот репрезентативец Џорџино Вајналдум во овој преоден рок реализираше трансфер во редовите на ПСЖ каде се пресели како слободен агент откако неговиот договор со Ливерпул дојде до самиот крај.

Фудбалерот за кого интерес имаше и од Барселона на крајот се одлучи да ја прифати понудата на францускиот тим, а сега, речиси еден месец откако се реализираше неговиот трансфер се реши да проговори и за времето поминато на Островот.

Вајналдум посочи дека на моменти чувствувал дека не е сакан во тимот на Ливерпул нагласувајќи дека тоа е една од причините поради која ја променил средината.

– Секој ден на тренинзите и на натпреварите го давав максимумот. Ливерпул ми значи премногу, но имаше моменти кога не се чувствував сакан и ценет таму. Не од моите соиграчи, ниту од луѓето во Мелвуд. Знам дека тие ме сакаа, а и јас ги сакав нив. Не беше од таа страна, беше од другата страна.

– Имаше моменти кога не се чувствував сакан, посебно во последните две сезони и тоа го почувствував неколку пати. Медиумите не помогнаа околу тоа. Имаше вести дека не сум ја прифатил понудата на Ливерпул затоа што сакам повеќе пари, а фановите мислеа дека ако не го добивам тоа што го сакам нема да го дадам максимумот.  Во тие моменти си мислев дека се е против мене.

– Фановите на стадион и фановите на социјалните мрежи се две различни работи, за тие што доаѓаа на стадион не можам да кажам ништо лошо, секогаш ме поддржуваа. Но, на социјалните мрежи, ако загубевме јас бев тој кој беше обвинуван и кој бараа да замине, -јасен беше Џини Вајналдум кој од новата сезона ќе настапува во францускиот ПСЖ кој склопи доста моќен тим со кој ќе атакува на врвот во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни