Поврзете се со нас

Европски првенства

Вајли: Се боревме жестоко против Италија, знаеме што треба да поправиме

Објавено

на

Македонската репрезентација загуби од Италија со 92-84 на првата средба во „балонот“ во Перм, но без разлика на поразот нашиот национален тим покажа дека има квалитет, знаење и дека со борба може да дојде до посакуваната цел, пласман на Европското првенство.

Пресуди лошата завршница: Македонија тесно загуби од Италија

Еден од нашите најдобри играчи против Италијанеците беше Џејкоб Вајли кој во првата средба во националниот дрес даде 17 поени со 6 скокови, 1 асистенција и 2 блокади. Американецот со македонски пасош е горд на како овој меч го одигравме, но воедно посочи каде треба да се поправиме за да славиме на следните закажани битки во Русија.

Се боревме жестоко во текот на целиот натпревар. Имавме неколку фантастични серии, но и падови во играта. Сепак, горд сум на тоа како се однесувавме во дуел со еден голем ривал, имаме уште три натпревари и мораме што побрзо да се насочиме кон нив“

-Секогаш кога ќе се промашат слободни фрлања е лошо за тимот. Но, мислам дека денеска имавме малку поголеми проблеми, особено во одбраната каде дозволивме неколку лесни поени од транзиција и од отворени позиции за тројка и на нив треба да насочиме повеќе внимание во иднина, –истакна Вајли.

Следната средба ја играме утре и тоа против домаќинот Русија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни