Поврзете се со нас

Германија

Упамекано објасни зошто се одлучил да ја прифати понудата од Баерн

Објавено

на

Францускиот интернационалец, Дајо Упамекано од наредната сезона ќе го гледаме во дресот на германскиот гигант Баерн Минхен.

Упамекано беше на мета на многу клубови од Англија, Шпанија и Италија, ама на крајот се одлучи да остане во Бундеслигата и од РБ Лајпциг да се пресели во Баерн каде интересно ќе може да работи со тренерот Јулијан Нагелсман кој исто така не можеше да го одбие повикот од Минхен.

Дефанзивецот е среќен што останува во Бундеслигата и што ќе може да игра великан како што е составот од „Алијанц Арена“.

-Брзо бев сигурен дека сакам да останам во Германија и во Бундеслигата. Овде ми се допаѓа, нивото на натпреварите, навивачите, стадионите,

-Кога Баерн ме контактираше бев многу горд. Не можете да отидете повисоко, особено кога претходно сте играле за Лајпциг, -вели Упамекано кој има 22 години и пред него е светла иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни