Италија
Умтити за својот кошмар во Барселона: Четири години бев во затвор

Самуел Умтити своевремено беше клучен дел од стартната постава на Барселона и во тој период стана и светски шампион со Франција, но честите повреди и падот на самодоверба во својата игра направија неговиот престој во Каталонија да стане вистински кошмар во последните 3-4 сезони.
Во ситуација кога се претвори во четврти или петти избор како резерва, Умтити реши да си замине на позајмица изминатото лето и одигра извонредно добра сезона во Серија А, каде беше поштеден од повредите, а истовремено прерасна во вистински лидер во одбраната на Лече.
Умтити ќе мора да се врати во Барса по крајот на оваа сезона бидејќи се уште има важечки договор со каталонскиот гигант, но јасно е дека негова цел не е да остане во тимот во кој нема место за него.
– Единствено што сакав беше да бидам почитуван и кориесен за тимот. Минав четири години во затвор во Каталонија, не само на спортски план, туку и во секојдневниит живот.
– На почетокот кога се преселив во Шпанија, се чувствував ценето и играв на високо ниво. После тоа се појави недоверба, почнав да се чувствувам лошо и сфатив дека веќе никој не верува во мене. Во Лече повторно си ја вратив насмевката и благодарен сум за тоа. Ми се допаѓа италијанскиот јазик, јадењето, градот и модата. Сега мислам само на позитивен крај на сезоната и избегнување на борбата за опстанок, – вели Умтити во интервјуто за „Канал плус“.
-
Германијапред 23 часа
Кан доживеал брутално понижување од Баерн: Ова е најлош ден во мојот живот!
-
Шпанијапред 24 часа
Родриго претрча 70 метри и постигна неверојатен гол во Севилја (Видео)
-
Францијапред 22 часа
Голот на Меси доволен за историја и нова шампионска титула на ПСЖ (Видео)
-
Шпанијапред 7 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Англијапред 10 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Англијапред 23 часа
Капитенот на Лутон колабираше на теренот, па ја прослави промоцијата во Премиер лига од болнички кревет (Фото)
-
Македонијапред 23 часа
ТЦР Европа: Давидовски до четвртото место во првата трка
-
Италијапред 7 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито