Поврзете се со нас

Шпанија

Умтити: Не сакам вака да си заминам од Барселона

Објавено

на

Самуел Умтити е еден од играчите кој во последниве години се загуби од Барселона и шпанскиот вицешампион сакаше да се ослободи од него во летниот преоден рок.

Меѓутоа за него немаше добри, квалитетни понуди, поточно само неговиот поранешен клуб Лион изрази подготвеност да го врати во своите редови, ама на крајот не дојде до трансфер и стоперот остана на „Камп Ноу“.

Под голем знак прашање е дали воопшто има иднина во Барселона, но Умтити се надева дека ќе ги надмине сите проблеми и ќе покажа зошто своевремено беше вистински столб на одбраната на каталонците.

-Сè беше можно за време на преодниот рок. Лион е мој клуб и мој град. Ми дадоа можност да ме видат. Имаше дискусии, но тоа беше брзо, ништо конкретно. Морав да можам да зборувам со клуб. Ќе бидам искрен: Барселона е Барселона. Не сакам да ја напуштам Барселона и уште помалку на ваков начин. Последните две години беа најкомплицираните во мојата кариера. Понекогаш навистина ми беше многу мака.

-Се повторував секој пат и со различни повреди затоа што се обидував да надоместам. Тоа не беше проблем со коленото, тоа беше затоа што имав тотална нерамнотежа. Морав одново да започнам. Престанав да јадам месо, риба и млеко. Се чувствувам подобро, спијам подобро. Никогаш не сум се чувствувал толку добро физички. Моето тело исто така се смени. Ослабев три килограми. Закрепнав. Никогаш не сум работел толку напорно. И јас сум среќен поради тоа, -рече Умтити кој проговори и за летната трансфер драма на Лионел Меси со Барселона.

-Ова беше бурно лето. За мене и клубот. Ме натера да се чувствувам чудно кога тоа го прочитав: Лео сака да си замине. Тој си има свои причини. Но, невозможно е да се замисли Барса без Меси, -истакна Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни