Поврзете се со нас

Германија

Ули Хенес најави еден трансфер на Баерн Минхен: Можам да замислам дека ова е почеток на нова ера…

Објавено

на

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес зборуваше за трансфер активностите на баварскиот клуб ова лето.

Лидерот во Бундеслигата се поврзува со ангажман на Лерој Сане од Манчестер Сити, а се споменува и можен ангажман на Каи Хаверц од Баер Леверкузен.

Големи се шансите Сане да стане нов фудбалер на Баерн Минхен, а дека има нешто потврди и самиот Хенес во неговата изјаваза „Скај Германија“.

– Со Џошуа Кимих, Никлас Суле, Давид Алаба, Тијаго и исто така Лерој Сане, ќе имаме млад, витален тим.

– Можам да замислам, ако се оди како што треба, дека наскоро ќе започне нова ера во Баерн Минхен, -изјави Хенес најавувајќи го ангажманот на Сане.

Германскиот репрезентативец беше блиску до трансфер на „Алијанц Арена“ и минатата сезона, меѓутоа тогаш повредата на вкрстените лигаменти на коленото го стопираше неговиот трансфер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни