Боречки спортови
УФЦ доби нова ѕвезда: Гејтџи го изобличи Фергусон и го предизвика Нурмагомедов (Видео)
Коронавирусот откажа неколку спектакуларни борби во УФЦ шампионатот, но сепак изминатава ноќ вљубениците во овој спорт беа сведоци на неколку фантастични битки, од кои за крај беше онаа закажаната меѓу Џастин Гејтџи и Тони Фергусон.
Спектаклот во Флорида не беше комплетен бидејќи на трибините немаше публика, но оваа атмосфера повеќе му годеше на Гејтџи кој направи огромно изненадување и буквално го претепа човекот кој беше предизвикувач на Нурмагомедов. Таа борба беше откажана поради пандемијата, но сега се покажа дека Фергусон е далеку од сериозен предизвикувач, бидејќи помладиот Гејтџи издоминира во секој поглед.
Во петтата рунда, Фергусон едвај стоеше на нозе и лицето му беше комплетно раскрварено, па судијата мораше да прогласи технички нокаут, одлука која не му се допаѓаше на Тони, но која беше најреална во дадената ситуација.
Џастин на овој начин го „собра“ појасот во лесна категорија, а УФЦ доби нова голема ѕвезда која сега очекува битка токму со Хабиб Нурмагомедов.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Италијапред 17 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 19 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 7 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него