Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА го истакна генијалниот потег на Модриќ: Лука е како виното (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Лука Модриќ ги надминува сите бариери кои ги има поставено Флорентино Перез за играчите кои надминуваат 35 години, односно Хрватот од година во година со своите изданија го тера првиот човек на Реал да му нуди нов договор.

Вистинска реткост е играч на 37 години да биде стандарден дел од првиот тим на „кралскиот клуб“, но Лука на секој меч покажува дека станува збор за посебен фудбалер, па медиумите од Мадрид веќе пренесоа дека се изборил за уште еден нов договор.

Модриќ ќе остане во шпанската престолнина уште најмалку една година, а навивачите на Реал ќе можат да уживаат во потези како оној последниот против Манчестер Сити.

Лука ја започна акцијата по која Винисиус Жуниор погоди за 1:0, но големо внимание привлече и еден негов „докторски“ потег на средината на теренот.

На социјалните мрежи веќе стана вирален хит неговиот неверојатен прием со кој ја „залепи“ топката на својата нога, а сега УЕФА ја покажа магијата и од друг агол, потенцирајќи дека Модриќ е добар како старо вино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни