Поврзете се со нас

Европски првенства

УЕФА ги откри четирите сценарија за ЕП: Македонските фанови со нетрпение ќе го чекаат 5. март

Објавено

на

Европската куќа на фудбалот изречно ги демантираше шпекулациите кои велеа дека се прават планови за преселување на Европското првенство само во еден град, а сега од УЕФА и официјално ги понудија четирите можни сценариа во кои ќе се игра континенталниот турнир.

Сето тоа ќе зависи од развојот на светската пандемија која посебно е најзастапена на стариот континент, но без оглед на се, од УЕФА се уверени дека првенството мора да се одигра и ќе нема одложување како што беше оваа календарската година за која всушност првично беше закажан турнирот.

УЕФА цврсто стои на планот дека првенството ќе се одигра во 11 држави домаќини од 11 јуни до 11 јули, а во соопштението се наведува дека најдоцна до 5-ти март ќе се знае во какви услови ќе се игра турнирот кога е во прашање исполнување на капацитетот на стадионите.

Прво сценарио: Во зависност од расплетот на пандемијата со коронавирусот, најпозитивно решение би било да се одигра првенството во полн капацитет на стадионите со многубројни навивачи на трибините.

Второ сценарио: Исполнување на капацитет на стадионите од 50 проценти доколку ситуацијата со Ковид 19 не биде најјасна и по почетната фаза на најавеното вакцинирање.

Трето сценарио: Доколку проценките не се најдобри, претпоследното сценарио е да се играат натпреварите барем со 30 проценти исполнетост на стадионите.

Четврто сценарио: Одигрување на натпреварите без присуство на публика, расплет кој најмалку се посакува во Европската куќа на фудбалот.

– Секој град домаќин ќе ги дисктурира сценаријата во тесна соработка со УЕФА, ќе ги развива плановите соодветно во следните седмици и одлуката за тоа кое сценарио ќе се применува индивидуално во секој град ќе биде донесена на 5-ти март 2021-ва година, – завршува соопштението на УЕФА.

Ова значи дека планот за Македонија останува ист, односно два натпревари ќе игра во Букурешт и еден во Амстердам, а на 5-ти март ќе дознаеме дали ќе почнат да се продаваат и билети за сите средби во групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни