Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА ги „лови“ суперлигашите, четири клуба можат да добијат двегодишна забрана за настап во ЛШ

Објавено

на

Европската фудбалска федерација (УЕФА) на секој начин се обидува, згасни проектот, идејата за фудбалската Суперлига која се уште е жива иако најголемиот дел од клубовите основачи се предомислија и одлучија да се повлечат од истата.

УЕФА сака да поведе дисциплински постапки и да ги казни бунтовниците со тоа што санкциите би биле различни. Имено реномираниот „ЕСПН“ од свои извори пренесува дека седум клубови и тоа Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем веќе се договориле со УЕФА, а блиску до тоа е новиот италијански првак Интер.

Тие би добиле помали санкции, додека пак Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Милан не сакаат да се дистанцираат од Суперлигата и постои можност дури да добијат двегодишна забрана за настап во ЛШ.

Останува да се види колку овие најави можат да се исполнат, дали европската куќа има право тоа да го направи и дали навистина сака да отвори војна со големите клубови кои исто ќе имаат што да кажат во една легална битка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни