Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тухел откри дека си нанел незгодна повреда за време на завршниот говор на „Алијанц арена“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел си ја спаси својата работа и ќе може да ја доврши сезоната со Баерн Минхен, бидејќи натпреварот со Лацио беше поставен како ултиматум за германскиот стручњак.

Во случај на елиминација од Лацио, Тухел веќе ќе беше минато и Баерн ќе експресно ќе ангажираше нов тренер, но пласманот во четвртфиналето ќе му обезбеди уште неколку месеци на клупата на баварците, период во кој секако главна цел ќе биде титулата во Лигата на шампионите.

Победата од 3:0 над Лацио беше најдобар меч кој го одигра Баерн во подолг временски период, а Тухел самиот откри дека бил до толку страствен и енергичен, што си го скршил прстот за време на завршниот говор пред играчите да излезат на теренот.

– Во мојот завршен говор пред да излеземе на теренот, шутнав во врата и употребив погрешна техника. Чувствувам дека го скршив прстот, – му откри Тухел на Шмајхел.

Во продолжение, истата изјава ја дал и за германските новинари, кои пак уловија како тренерот поткривнува на излегување од „Алијанц арена“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни