Поврзете се со нас

НБА

Тренерот на Денвер: Ќе уживаме само ако ја освоиме титулата

Објавено

на

Денвер Нагетс ја затвори полуфиналната серија против Феникс Санс и тоа откако го разби противникот на негов терен со 125:100.

Јокиќ и компанија го „оддуваа“ Феникс, Тејтум се разбуди во вистинско време и обезбеди „мајсторка“ за Бостон (ВИДЕО)

Со вкупни 4-2 клубот од Колорадо се пласираше во финалето на Западот каде ќе се соочи со подобриот од Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс. Ова е одличен резултат за оваа екипа, но истата нема намера тука да застане и најдобар доказ за тоа е пораката која ја испрати предводникот Мајк Мелоун кој порача:

-Една работа која ми остана во срце е колку брзо овој тим стана толку близок. Можеме да бидеме одлични само ако играме на вистински начин и останеме верни на вашиот идентитет. Тоа е вистинскиот начин да се заврши со противник. Истиот став од почеток до крај. Се гордеам со вас. Нашата цел не е само пласман во финалето на Западот. Ние тоа не го славиме. Имаме поголеми цели.

-Со години не добиваме доволно почит. Можете да се жалити или да прифатите тоа што сте. Јас не би трошел време на експерти кои нè отфрлаат и не изразуваат почит што го заслужуваме за сè што направивме. Ама една работа не направивме. Додека не го освоиме прстенот, ќе продолжи со тие приказни. Тоа нè мотивира. Не пласманот финалето на Западот или големото финале, ќе уживаме само ако ја освоиме титулата. Тоа никој не може да ви го одземе. Тоа е нашата секојднева мотивација, -заклучи Мелоун.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни