Поврзете се со нас

АТП

Тренерот на Алкарас: Ѓоковиќ ќе мора да одигра врвен меч за да го победи Карлос

Објавено

на

Карлос Алкарас не успеа да го спречи Новак Ѓоковиќ да го освои Ролан Гарос, а денеска ќе се обиде да го направи тоа во финалето на Вимблдон.

Најдобрите светски тенисери во моментов заслужено се најдоа во мечот за големиот трофеј, а Ѓоковиќ и натаму ја има улогата на фаворит.

Хуан Карлос Фереро како поранешен тренер, а сега тренер на сонародникот Алкарас зборувал за подготовките за денешното финале во Лондон.

– Карлос треба да извлече поуки од она што се случи во Париз и да биде помирен на теренот. Ѓоковиќ е фаворит и тоа треба да се искористи за помирен пристап и подготовка за еден долг и исцрпувачки меч против силен противник.

– Мојата главна препорака му беше да се изолира од јавноста, да го остави мобилниот и да не чита што се пишува во пресрет на финалето.

– Алкарас мора да излезе на терен без да мисли на статистиката, Ѓоковиќ е тенисер со две раце и нозе и ќе треба да одигра квалитетен и врвен меч за да го совлада Карлос. Новак има свои слабости, но ако ги кажам јавно, тоа само дополнително ќе го мотивира. Знаеме какви квалитети поседува, тој е комплетен играч, но Карлос го има победено и да се надеваме дека тоа ќе се случи повторно, – истакнал Фереро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни