Македонија
Тренчовски си заминува, Академија Пандев добива нов тренер
Југослав Тренчовски повеќе нема да биде тренер на македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев.
Тренчовски кој долго време е во клубот и меѓу најзаслуните успесите на истиот во последните години ги искористи социјалните мрежи за да објави дека заедничко патување е завршено.
-Деведесет дена исполнети со дружење, радости, тагувања. Денови во кои се обидовме да ја вратиме психолошката стабилност. Остваривме неколку подеми, победи. Горд сум на вашиот пласман во полуфиналето од националниот куп. Но исто така имавме и многу падови, премногу изгубени бодови на домашен терен, бевме сведоци на многу судиски одлуки кои беа на штета на сите нас. Во едно сум убеден, а тоа е дека од сите овие моменти научивме многу бидејќи го чекоревме најтешкиот пат. Лузните кои ги добивме во овој период во иднина само ќе сведочат за нашата желба, постојаност, верба… Следува период на одмор, носете мудри одлуки, со ладни глави. Засекогаш ќе останете во мојата позитивна страна, од една моја приказна во која ќе ги помнам само прекрасните моменти. Во иднина ќе бидам ваш најверен подржувач, затоа што убеден сум дека ќе успеете во зацртаната цел, затоа што вие сте моите херои!!! Според претходниот договор нашето заедничко патување денес заврши. Време е за некои лични и нови предизвици, нови почетоци …. Ве сакам од срце, -порача Тренчовски.
-
Англијапред 21 час
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 11 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 18 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 23 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 20 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 22 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 14 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)