Поврзете се со нас

Балкан

Трамвајот во Загреб во знакот на Модриќ: Динамо ја продолжи кампањата за враќање на фудбалскиот маестро (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Динамо како клуб минатата недела започна интересна кампања за враќање на Лука Модриќ во матичниот клуб, па откако беше платен рекламен материјал за да се добие првата страна на угледната „Марка“, со изјава се јави и тренерот Јакировиќ.

Главниот слоган на Динамо е „би имало смисла“ откако самиот Лука излезе со изјава дека не знае дали би имало смисла негово враќање на „Максимир“, а кампањата на клубот не сопира тука.

Како што јавуваат хрватските медиуми, кампањата за Модриќ продолжила и на улиците во Загреб, каде трамваите со број 10 го носат презимето на фудбалскиот великан.

Модриќ е во завршните три месеци од договорот со Реал Мадрид и повеќе од јасно е дека нема да го продолжи истиот, а бидејќи не сака да стави крај на играчката кариера, многумина сметаат дека идеално сценарио би било да се врати во Динамо.

Хрватскиот клуб веќе почна да прави сериозни напори за да се случи такво нешто, а дали со тоа ќе успее да го привлече фудбалскиот маестро, само времето ќе покаже.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни