Поврзете се со нас

Балкан

Трабзонспор нема да игра во ЛШ, неговото место го зазема Бешикташ

Објавено

на

Фудбалерите на Трабзонспор се изборија за второто место на табелата во турското првенство, но сепак нема да играат во квалификациите за Лигата на шампионите.

Спортскиот арбитражен суд во Лозана ја одби жалбата на турскиот клуб, односно ја потврди суспензијата на една година од УЕФА поради прекршување на финансискиот фер плеј, со што Трабзонспор нема да игра во Европа.

Истиот клуб доби казна во 2016 година, по што доби план за работа од УЕФА кој не успеа да го реализира, па затоа и заработи едногодишна суспензија.

Местото на Трабзонспор во ЛШ ќе го заземе Бешикташ, додека во Лига Европа ќе се натпреваруваат Сиваспор, Анталијаспор и Галатасарај.

Место во групната фаза на ЛШ доби Истанбул Башакшехир кој е нов турски шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни