Поврзете се со нас

Англија

Тотенхем не е активен кога во прашање е офанзивецот на Вулверхемптон: Нема ништо од тоа

Објавено

на

Медиумите во Англија на големо шпекулираа дека Тотенхем во јануарскиот преоден рок ќе се засили со фудбалерот на Вулверхемптон, Адама Траоре.

Наводно, Антонио Конте во Траоре видел идеално решение за деснокрилната позиција во тимот која ќе остане испразнета со заминувањето на Стивен Бергвајн во Ајакс.

Сепак и покрај сите написи, Тотенхем се уште не започнал ништо во врска со ангажманот на повремениот шпански репрезентативец, а тоа го потврди и стратегот на „волците“, Бруно Лаж.

– Нема никаква новост, ситуацијата со Адама е иста како и на почетокот. Ништо не е променето. Адама е тука со нас, сака да игра за нас, работи напорно и е голем професионалец, -потенцираше Бруно Лаж.

Тотенхем засега нема ангажирано ниту едно засилување, нешто што според медимите во Англија почнало да го лути актуелниот стратег, Антонио Конте кој очекувал поддршка од раководството на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни