Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Торес за големата победа на Вилјареал: Имавме една јасна цел во Торино

Објавено

на

Вилјареал оствари голема и убедлива победа над Јувентус во Торино, обезбедувајќи си место во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Пау Торес беше меѓу најдобрите во шпанскиот состав, а по средбата открил каква била стратегијата на Унај Емери, признавајќи дека вакви натпревари не се добиваат и без среќа.

– Сценариото беше јасно, моравме да го развлекуваме и да го направиме што подолг натпреварот за противникот.

– Дури и во најхрабрите предвидувања не очекувавме да стигнеме до ваков резултат. Знаевме дека и противникот ќе има шанси, но Рули беше одличен.

– Имавме и малку среќа, но и тоа е дел од играта, а вечерва ни беше потребна, – изјавил Торес кој постигна еден гол на оваа средба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни